aleksandar1 wrote:
Дали некој мозеби знае за сателитски интернет, дали такво несто има во Македонија?
пишувај убаво кирилица секој да те разбери!
Инаку јас како што знам сателитскиот интернет не се исплаќа овде, затоа што моментално нема мк провајдери кои ја нудат оваа услуга, инаку има едносмерен и двосмерен сателитски интернет, е сега која е разликата меѓу нив?
Кај Едносмерниот сателитски интернет мислам дека треба да имаш Скајстар 2 со која само примаш нет од сателитот а неможеш да испраќаш, со ова ти неможеш да сурфаш нормално, за да сурфаш нормално потребно ти е и да испракаш т.е. аплод.
Со двосмерен сателитски интернет ти можеш да испраќаш сигнал до сателитот, но за ова ти е потребна дозвола и плус ова е за големите компании/провајдери што за нас ова е скапа инвестиција и не се исплаќа.
Па така да ако си најдеш некој провајдер српски/бугарски за мала сума така нешто може да те извади. Инаку ме интересира што му фали па на кабелскиот нет моментално, брзина,стабилност?!