Internet Explorer 8 со помош на својот SmartScreen Filter блоќирал една милјарда обиди за превзeмање малициозен софтвер вели продукт менаџерот од Microsoft James Pratt. SmartScreen Filter ги проценува интернет адресите
и серверите со кои се тие поврзани. Доколку софтверот идентификува сервер кој содржи злонамерни содржини, го прикажува предупредувањето наведувајќи дека не е безбедно да го посетите сајтот кој сакавте да го посетите и дека постои можност содржините кои се хостирани на тој сервер да можат да го оштетат корисничкиот компјутер. Корисникот потоа има опции да го напушти сајтот и да се врати на почетната страна но и да продолжи да го посети сајтот на своја одговорност.